Македонија
6. јуни 2016 - 13:43

Авионско прскање против комарци на територијата на општина Струмица

На 11 јуни 2016 година ќе се спроведе авионско прскање против комарци, информираат од Општина Струмица.

-Првото прскање е планирано на 11 јуни во раните утрински часови, односно, во периодот од 4:30 до 9:30 часот. Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото, ќе се спроведе наредниот ден во истиот временски период, се вели во писмената информација од Општината.

Оттаму апелираат, сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, да ги затворат во најавениот временски период.