Авионски механичар од Мајами обвинет за саботажа на авион со 150 патници

Механичар на превозникот „Американ Ерлјанс“ е задржен денеска поради основано сомнение саботажа на патнички авион што требал да полета со 150 патници од меѓународниот аеродром во Мајами во јули годинава.
Според обвинението, поднесено до федерален суд во Мајами, Абдул-Маџид Маруф Ахмед Алани, механичар со долг стаж во компанијата, е обвинет за „обид за намерно оштетување, уништување, оневозможување или хаварисување на летало“.
Алани, на 17 јули годинава, наводно се обидел да го оштети или онеспособи модулот за воздушни податоци (АДМ систем) што предава информации за брзината, аголот на полетување и слетување и други критични детаљи за леталото.
-Алани изјави дека немал намера да предизвика штета на леталото или повреда на патниците, се вели во тужбата и се додава дека “тој не бил задоволен со договорот што синдикатот го посигнал со компанијата со што му била намалена платата.“
Според тужбата, Алани го фризирал леталото за да остане прекувремено на работа.
Во моментот кога авионот се нашол на пистата и започнал да ја зголемува брзината за да полета, пилотите добиле сигнал за грешка во АДМ системот, по што полетувањето било прекинато. Авионот се вратил покрај терминалот, никој од патниците не бил повреден.
По инспеакција на леталото механичарите „откриле неправилно сврзана цевка од питомерач која го поврзува АДМ системот. Маханичарите откриле дека АДМ бил намерно онеспособен со материјал од црн стиропор залепен во цевката“.
Властите ги прегледале снимките од безбедносните камерите за да го идентификуваат Алани.
Првото судско рочиште е закажано за утре во судот во Мајами.
Ново на Сител
-

Привeдeн стрaнски државјанин на ГП „Табановце“, возел 164 км/ч на мeсто кaде дозволената брзина е 80 км/ч
-

Баерн го освои Суперкупот на Германија
-

Мурињо за Винисиус: Тој не е светец, но она што му го прават е премногу
-

Приведен 58 годишник од Крушево, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и револвер
-

Најмалку 37 повредени во земјотрес што ја потресе централна Јапонија
-

Ангелов: Избегната катастрофа во прилепско Бонче, пожарот се приближил до куќите
-

Салвини: Италија засега нема да прифаќа назад мигранти од Германија
-

Во сила стапи договорот за трговија со услуги и инвестиции меѓу ОАЕ и Русија
