Авион на „Алјаска ерланс“ принудно слетал откако во лет му се откачиле прозорец и дел од трупот

Авион „Boеing 737-9 Max“ на „Алјаска ерлајнс“ вчера принудно слетал во американската држава Орегон откако му испаднале еден прозорец и дел од трупот на височина од 5.
000 метри, набргу по полетувањето. Авиокомпанијата објави дека авионот со 174 патници и шест члена на екипажот слетал безбедно, пренесува Бета.
– Се случи инцидент на летот на авиокомпаниите на Алјаска ерлајнс 1282 од Портланд во федералната држава Орегон до Онтарио во Калифорнија набргу по полетувањето, се наведува во соопштението од компанијата.
Авионот бил вратен кoга се подигнал на 4. 876 метри, шест минути по полетувањето.
Еден патник испратил снимка до локална телевизија на која е прикажана огромна дупка од страната на авионот кај патничките седишта.
Федералната управа за авијација (ФАА) објави дека авионот слетал безбедно откако екипажот пријавил проблеми со притисокот. Започната е истрага за инцидентот.
Авионот „Boеing 737-9 Max“ бил произведен и добил сертификат пред само два месеца, според податоците на ФАА.
Компанијата Боинг соопшти дека е запозната со инцидентот, собира информации и е подготвена да даде поддршка во истрагата.
Макс е најновата верзија на Боинговите авиони 737 авиони со два мотора, кои често се користат на домашните авиолинии во САД. Во функција е од 2017 година.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
