Авиомеханичар украл авион во Сиетл со кој се урнал во Пацификот
Авиомеханичар синоќа украл празен патнички авион на неговата компанија „Алјаска Ерлајнс“ на аеродромот во американскиот град Сител, со кого набрзо по полетувањето се урнал во водите на Тихиот Океан во близина на островот Кетрон.
Претставници на аеродромот соопштија дека авиомеханичарот полетал без дозвола со авион од типот Кју-400, кој има капацитет за 78 патници.
Прелиминарната истрага за инцидентот заклучи дека авионот се урнал затоа што авиомеханичарот „изведувал акробации или не бил доволно обучен за летање“.
На социјалните мрежи се појави видео снимка на која се гледа како авионот кружи над аеродромот во Сиетл.
Очевидци на настанот за американските медиуми изјавија дека веднаш по патничкиот авион, полетал и воен ловец, кој го следел се до уривањето.
Мотивите за ваквата постапка на авиомеханичарот не се познати.
Ново на Сител
-
Десет лица загинаа во шумски пожар во западна Турција
-
Авион со околу 50 патници исчезна над Русија
-
Човековидниот робот „Аи-Да“ наслика портрет на кралот Чарлс
-
Трамп вели дека е можно олеснување на царините ако ЕУ го отвори пазарот за американските фирми
-
Тајланд и Камбоџа започнаа вооружен судир на спорната граница
-
Кривична за три лица вработени во општина Крива Паланка за злоупотреба на службена положба
-
Рашфорд во Барселона
-
Македонија „под вршник“, да се почитуваат препораките за заштита од високи температури