Авиокомпанија: Луѓе со вишок килограми не можат да летаат во бизнис класа
Тајландската авиокомпанија Таи Ервејз воведе нови регулативи, според кои секој човек чиј обем на струк е поголем од 142 сантиметра, не може да седи во бизнис класата на патнички авион.
Сето тоа е поради новите безбедносни појаси и воздушни перничиња, па неопходно е да се исполнат стриктните барања со цел патниците да имаат поголеми шанси да преживеат во случај на ненадејно понирање.
Така, патниците чии обем на струк е над 142 сантиметра, не можат да го врзат појасот.
Вообичаено е покрупните патници да добијат продолжен појас, но воздушните перничиња мора да бидат центрирани преку струкот поради поголема безбедност и ефикасност.
„Воздушното перниче служи за заштита на главата, вратот и трупот на телото, но продолжен појас ќе значи помала заштита“, стои во соопштение на компанијата „Ем Сејф" од Аризона, која ги произведува перничињата.
Спорред новите правила, исто така, на родителите им е забрането да држат бебе во скутот.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите