Авганистанка се породила во американски воен авион

Авганистанка се породила во американскиот воен лет за евакуација, веднаш штом авионот слетал на воздухопловната база Рамштајн во Германија, објавија американските воздухопловни сили на социјалните мрежи.
Објавени беа и слики од излегување од авионот. Според информациите, жената родила девојче.
Првите евакуациски летови од Кабул до американската база Рамштајн во Германија започнаа во петокот доцна навечер и таму веќе пристигнаа над 2.000 бегалци.
Тие велат дека жената добила породилни болки за време на вториот дел од летот од Кабул, од базата на Блискиот Исток, не прецизираат која, до Германија. Американските воздухопловни сили раскажаа дека имало компликации додека авионот летал над 8534 метри надморска височина поради помалиот воздушен притисок во авионот. Но, бидејќи на бремената жена ѝ се слошило, командантот отишол пониско за да го зголеми притисокот во воздухот и на тој начин и го спасил животот, пренесува Си-Ен-Ен.
Мајката и бебето потоа биле пренесени во блиската медицинска установа каде што се во добра состојба.
Ново на Сител
-

Пасош за успех: Како Flex Group ги слави своите хероини
-

Трет брод нападнат во Ормуски Теснец
-

Ѓорѓиевски: Скопје памети - 83 години од црниот 11 март
-

Илјадници писатели објавија „празна“ книга во знак на протест против вештачката интелигенција
-

При пожар во куќа пронајдено починато лице
-

Уапсен турски државјанин, пронајдени мигранти во возилото кое го управувал
-

Лука Дончиќ ја потврди разделбата од Анамарија Голтес: Се борам за старателство над ќерките
-

Тајна шахта за кражба на струја откриена во Тетово – Фитнес, спа и ресторан нелегално приклучени
