Аунг Сан Су Ќи доби подршка и од поранешниот диктатор на Мјанмар
Внукот на поранешниот долгогодишен мјанмарски дикататор, генералот Тан Шве, Нај Твеј Аунг на својот фејсбук профил денеска објави дека дедо му вчера имал средба со победничката на ноемвриските оптши избори, досегашната опозиционерка Аунг Сан Су Ќи. Состанок бил организиран и одржан во најголема тајност, а се уште влијателниот генерал побарал на социјалните мрежи да се соопшти дека тој „од се срце ќе ја поддржи’’ Су Ќи, нарекувајќи ја вистински избор за лидер на Мјанмар.
Средбата и соопштението за неа ги изненадија сите во Мјанмар, но донесоа и олеснување во овдешната и меѓународната јавност, која претпоставуваше дека мјанмарската армија ќе побара и најде начин да ја оспори убедливата победа на Националната Лига за Демократија на Аунг Сан Су Ќи. Преносот на власта воМјанмар ќе тае до почетокот на март идната година, кога во новиот дводомен парламент ќе се избираат претседателот и владата на таа држава.
Армијата владееше со Мјанмар, поранешна Бурма, повеќе од 50 години, а и сегашната власт на чело со претседателот Теин Сеин беше по избор и под контрола на армијата. Аунг Сан Су Ќи, според сегашниот Устав, нема право да биде претседател на државата, бидејки беше во брак со странец, државјанин на Велика Британија. Нобеловката за мир, меѓутоа, со поддршката на поранешниот диктатор, обезбедува позиција со која, без оглед на функцијата ќе треба да ја врати демократијата во Мјанмар. Изборната победа претходно и ја честитаа и прогласија за чиста сегашниот претседател и врховниот командант на мјанмарската армија.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска