Аукција на годината: ДНК на светски познатите лидери на продажба
Анонимна организација тврди дека земала ДНК примероци од неколку светски лидери и познати личности кои присуствувале на Светскиот економски форум во 2018 година во Давос и се подготвени да ги продадат на аукција.
Групата „Ернест проџект“ тврди дека земала предмети и отпадоци што ВИП гостите на големиот собир во Швајцарија ги оставиле зад себе, а на нив се наоѓаат траги од нивниот генетски материјал. На листата се наоѓаат американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел, финансиерот Џорџ Сорос и популарниот пејач Елтон Џон.
Таканаречената „колекција Давос“, која содржи салфетки, хартиени чаши, гумички за коса и вилушки, е сортирана и проценета. Цената варира од 1.200 долари за човечка коса до 65.000 долари за чаша вино, меѓутоа во каталогот не се наведува кој предмет чии генетски траги носи.
Аукцијата за предметите беше закажана за 20 февруари во Њујорк, но се одложи поради нерешени правни прашања, истакнаа организаторите.
Не може да се потврди дали овие предмети имаат ДНК траги од најголемите политичари и познати ѕвезди и дали со сигурност аукцијата е вистинска или некој вид перформанс за да се привлече внимание на проблемот со чувствителноста на податоците.
Според тврдењата на „Ернест проџект“, главната цел е покренување на свеста за „капитализмот на контрола“ бидејќи технолошките конгломерати можат да ги соберат најосетливите податоци за корисниците. Организацијата е загрижена дека корпорациите можат да ги злоупотребат генетските податоци што откриваат информации за која било човечка болест, потекло или односи и можат да бидат искористени за уцена. Целта на аукцијата е да се поттикне елитата да делува.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати