Македонија
17. August 2016 - 12:08

Ауди удри во мопед, моторџијата во тешка состојба префрлен во Скопје

Вчера околу 06,10 часот на патот с.Грдовци- с.Мојанци, кај м.в.„Соленци“ случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди А4“ со италијански национални ознаки управувано од Б.Т. (25) од Зрновци-кочанско, и Мопед „Томос АПН 6“  без рег.ознаки, управувано од Н.А. (37) од с.Грдовци-кочанско.
 
Во незгодата Н.А. се здобил со со тешки телесни повреди, кој по укажаната лекарска помош во Здравствен дом -Кочани, поради сериозноста на повредите бил пренесен во КЦ-Скопје.
 
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР- Штип и се работи на целосно расчистување на случајот.