-->
-->
АТП: Мареј цврсто на врвот, напредува Федерер
-->
Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ, поради повреди, го пропуштија Мастерсот во Мајами, но Британецот ја зголеми предноста на врвот на АТП листата и таа сега изнесува 4.045 поени.
Ѓоковиќ, во Мајами, не ја бранеше титулата и загуби 1.000 бодови, додека Мареј иако не играше остана пукус за само 45 поени, бидејќи минатата година испадна во првото коло.
Зад Ѓоковиќ и Мареј е швајцарската двојка Стан Вавринка и Роџер Федерер, кој по освојувањето на титулата во Мајами напредуваше за две позициии. Петти во светот сега е Рафаел Надал, кој како и Федерер, напредуваше за две места.
Милош Раониќ е на шесттото место, а Кеи Нишикори назадуваше за три места и се наоѓа на седмото место. Во Топ 10 уште се и Марин Чилиќ, Доминик Тим и Жо-Вилфред Цонга .
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таравари е против нови избори во Гостивар
-
Владејачките партии се соочуваат со изборниот пораз
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ
-
М-ТЕЛ стана партнер на Д-фестивал
-
КРКА ја презентираше мобилната апликација ФЛЕБИ
-
Вреди убедува 4 пратеници од фронтот на Ахмети за промена на страната
-
Во јавен сектор најмногу се вработувало една година по промена на власта
-
ВО ЖИВО: 4 неуспешни обиди за гласање за нов претседател на Уставниот суд