-->
-->
АТП: Федерер ја топи предноста на Надал
-->
Роџер Федерер вчера во Шангај ја освои 94. титула во кариерата, ја намали разликата на АТП-листата во однос на првопласираниот Рафаел Надал.
Федерер во Шангај во финалето го совлада токму Надал (6:4, 6:3) и на најновата АТП-иста има 1660 бодови помалку од Шпанецот.
Зад најдобрите двајца се наоѓа Енди Мареј, кој го задржа третото место, додека полуфиналистот во Шангај, Марин Чилиќ, се искачи на четвртата позиција, што е негов најдобар рејтинг во кариерата.
По една позиција на најновата АТП-листа загубија Новак Ѓоковиќ и Стан Вавринка, кои сега се на седмото, односно деветтото место.
АТП, Топ 10:
1. Рафаел Надал (Шпанија) 10.465
2. Роџер Федерер (Швајцарија) 8.505
3. Енди Мареј (Велика Британија) 5.290
4. Марин Чилиќ (Хрватска) 4.505
5. Александар Зверев (Германија) 4.400
6. Доминик Тим (Австрија) 3.935
7. Новак Ѓоковиќ (Србија) 3.765
8. Григор Димитров (Бугарија) 3.590
9. Стан вавринка (Швајцарија) 3.540
10. Давид Гофан (Белгија) 3.055.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со г. Пимен, митрополит европски
-
Македонија во чест на просветителите: Молебен во Рим
-
Митрополит Петар: Се покажа дека прашањето на МПЦ не е црковно туку политичко
-
Гужва на граничните премини, Македонците навалија во Грција
-
Мицкоски: За брзо од сега ќе имаме влада
-
Партиите на Бошњаците и Србите во Македонија со поделени мислења за усвоената Резолуција за геноцидот во Сребреница
-
Цела недела не работат операционите сали на Хирургија - нема информација кога ќе профункционираат
-
Пожарната се соочува со проблеми во возниот парк