-->
-->
Атлетите од Специјална Олимпијада ќе тренираат во СЦ „Борис Трајковски“
-->
Спортскиот центар „Борис Трајковски“ на најуспешни спортисти од Специјалната Олимпијада на Македонија им овозможи бесплатно да тренираат со цел подобрување на нивните услови за работа како предуслов за постигнување на уште подобри резултати.
- Ги следевме одличните настапи и резултати на нашите спортисти од Специјалната Олимпијада на Македонија на Летните Олимписки Игри во Лос Анџелес и морам да нагласам дека сме неизмерно горди на освоените медали. Од тука дојде и идејата да ги поддржиме овие атлети кои го остварија историскиот успех на нашата држава на Олимписки игри и да им овозможиме услови за интензивни тренинзи кои би резултирале со уште подобри резултати, многу медали и нова радост на нашата нација. Специјалната Олимпијада за овие луѓе има докажани бенефиции, како физички, на пример зголемена физичка кондиција и подобро здравје, туку и ментални, пред се поголема самодоверба, ентузијазам и исполнет социјален живот, задоволство и побогат живот исполнет со можности за дружење со своите врсници, патувања. Тука би истакнал дека најголемата придобивка е поголемата свест и прифаќањето на лицата со посебни потреби во секојдневието, изјави директорот на СЦ „Борис Трајковски“, Златко Перински.
Олимпијци од ЛОИ во Лос Анџелес годинава се вратија дома со дури 10 медали. Тие со потпишување на меморандумот добиваат можност ексклузивно да ги користат услугите на центарот, да тренираат пливање три пати во неделата, а кошарка, пинг понг и бадминтон два пати неделно.
- Со огромно задоволство ја почнуваме соработката со СЦ Борис Трајковски. Нашата организација ќе добие партнер кој ќе и овозможи комплетно реализирање на предвидените активности од годишната програма. Со потпишувањето на меморандумот се продолжува позитивното искуство кое го имаме со пливањето, кое има утврдени термини понеделник, среда и сабота. Сега ќе можеме да креираме програма со фиксни термини и за кошарка, пинг-понг, бадминтон. Оваа соработка ќе ни овозможи регрутирање на повеќе атлети во Специјална Олимпијада Македонија, ќе овозможи ширење на волонтерскиот дух и она што е најзначајно ќе овозможи бесплатно спортување на лица со интелектуални пречки со професионални ливенцирани тренери, волонтери во нашата организација. Се надевам дека ваквите примери ќе бидат следени и од други институции, изјави Ана Петковска, национален директор на Специјалната Олимпијада на Македонија.
На прес-конференцијата присуствуваа и македонските Олимпијци, пливачот Марио Мицковски и кошаркарот Горјан Стојковски. Марио на ЛОИ во Лос Анџелес освои злато на 25 метри слободен стил и сребро 50 метри, додека Горјан заедно со нашите кошаркари освои сребро.
На Игрите во Лос Анџелес атлетите од Специјалната Олимпијада на Македонија во сите олимписки дисциплини во кои се натпреваруваа, атлетика, пливање, пинг-понг и јунифајд кошарка, освоија медали.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Средношколците имаат право на бесплатен јавен превоз за време на летниот распуст
-
Кривична против 29 годишник, при претрес пронајдени се автоматска пушка, пиштол и 1.167 куршуми | ФОТО
-
Случај „Крмзов“: 23 физички и 15 правни лица се гонети од Обвинителството за штета од околу 90 милиони евра
-
Уште две бисти украдени од гробиштата во Бутел
-
Малолетничка нападната од двајца мажи во Шуто Оризари
-
24-годишна девојка пронајдена почината во казино во Скопје
-
Млад мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје
-
Кривична за две лица кои во соблекувална нападнале фудбалер од ОФК „Карбинци“