-->
-->
Атлетико и Реал го „поделија“ Мадрид!
-->
Атлетико и Реал одиграа 1:1 во мадридското дерби кое го одбележа осмото коло во Примера.
Играчите на двата тима им останаа должни на оние кои го следеа мечот на „Винсенте Калдерон“, бидејќи одиграа еден сосема просечен натпревар. Атлетико упати три удари во рамките на голот, а Реал само два пати биеше директно кон голот на Облак.
Првата шанса на мечот ја имаше Атлетико, но удаорт на Кореа со глава заврши крај голот на Кејлор Навас. Казната следуваше во деветтата минута кога центаршутот на Карвахал Бензема со глава го спроведе во голот на Јан Облак.
Атлетико во 22.минута пропушти шанса да израмни, но ударот на Гризман од пенал го одбрани Кејлор Навас.
‘Јорганџиите’ во второто полувреме вршеа константен шритисок кон голот на Реал но без конкретна закана се до последните десет минути. Акцијата на Караско и Џексон Мартинез, во 83.минута со гол ја заврши Вието.
Во последната минута одново во главна улога беше најдобриотиграч на Реал на овој меч, Кејлор Навас, кој успеа да го исфрли во корнер ударот на Мартинез од 16 метри.
По осмото коло Реал е втор на табелата со 15 бодови колку што имаат Селта и Барселона, Атлетико е зад нив со 13 бодови, додека лидер остана Виљареал со 16 бодови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК одлучува по 28 приговори на парламентарните избори поднесени од ,,ВРЕДИ‘‘, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Силјановска Давкова: Македонија е мое лично право на самоопределување
-
Министрите контра експертите за заклетвата на Силјановска Давкова
-
Експертите предлагаат со закон да се обезбеди континуитет на веб страните на институциите
-
Бугарија бара Бугари и меѓу Македонците муслимани на Косово
-
Проекција на НБРМ: Намален раст и забавена инфлација – Цените на храната двојно повисоки од светските
-
Загрижувачка е состојбата со алергии кај децата
-
Студентите на Правен при УГД-Штип симулираа Европски парламентарни избори