Атина планира да одвои 100 милиони евра за ограда на границата со Турција
Грција сака да ја продолжи веќе постоечката ограда долж границата со Турција за 35 километри, изјави грчкиот министер за цивилна заштита Такис Теодорикакос за телевизијата Скај.
Според него, проектот ќе чини околу 100 милиони евра, а парите ќе бидат издвоени од грчкиот буџет.
„Европската унија се уште не го одобрила барањето на Атина за финансирање на изградбата на продолжувањето на оградата. Работите за продолжување на оградата треба да бидат завршени за десет месеци“, додаде Теодорикакос, пренесе ДПА.
Во последните неколку години Атина изгради 37,5 километри челична ограда висока околу пет метри по плиткиот дел на граничната река Марица, која Грците ја нарекуваат Еврос, а Турците Мерич.
Според официјалните податоци, грчките граничари спречиле околу 256.000 мигранти да ја преминат реката и да влезат во земјата. Исто така, уапсени се 1.300 шверцери.
Ново на Сител
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
-

Гаши: Неопходен е компромис за Бадентер, Собранието мора да се деблокира
-

Австрија, Чешка и Словачка ја засилуваат поддршката за европска интеграција на Западен Балкан
-

Деветти смртен случај од западнонилска треска во Македонија, на Инфективна почина 66 годишен кумановец
-

Преглед на вестите од светот
-

21 септември - светски ден на Алцхајмеровата болест
