Атина не исполнува услови за да добие рата од финансиската помош
Шансите министрите за финансии на еврозоната да одобрат исплатата на следната под-транша од финансиската помош за Грција на состанокот во понеделник се мали.
Ова стана јасно по вчерашното одложување на состанокот на Евро работната група до момент кога ќе има „поголема јасност“ во врска со тоа како стои Грција со нејзините напори за завршување на реформите кои ги бараат нејзините кредитори.
Вчера беше откажана телеконференција на техничките експерти, кои ја подготвуваат агендата за состаноците Еврогрупата, откако било утврдено дека се уште не се завршени меѓу 10 и 15 од 49 таканаречени „претходни постапки“ кои треба да бидат исполнети пред да се додели следната рата од две милијарди евра.
- Средбата на Еврогрупата во понеделник е можност да се преземат акции со цел да има напредок. Откако ќе заврши проценката, земјите-членки ќе донесат одлука за доделување средства, изјави портпаролката на ЕУ за економски прашања Аника Брајтхард.
Добро упатени извори за грчките медиуми изјавиле дека состанокот на министрите за финансии на еврозоната најверојатно ќе заврши со заедничка изјава во која ќе се поздрави напредокот во Грција, но оти нема да има исплата се додека Владата не донесе повеќе закони. Останува да се види дали Атина и нејзините кредитори во понеделник ќе се согласат за тоа кои прашања прво треба да бидат решени.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло