Атентаторот загина, две лица ранети во експлозија крај американскиот конзулат во Џеда

Напаѓач-самоубиец загина, а двајца припадници на безбедносните служби се ранети во денешната експлозија во близина на американскиот конзулат во саудискиот град Џеда, јави Си-Ен-Ен.
Според државната телевизија, напаѓачот го запрел својот автомобил до џамија и болница во непосредна близина на конзулатот. Тој им станал сомнителен на полицајците и кога тие му се доближиле го активирал експлозивот што го носел со себе. Експлозијата се случи на 10 метри од ѕидот на конзултатот.
Очевидец на настанот изјави дека местото е обезбедено од полиција, а над регионот кружат хеликоптери.
Според него, регионот бил потресен од уште три јавно контролирани експлизии, изведени од полицијата.
Претставник на американскиот Стејт департмент изјави дека американските власти се запознати со информациите за експлозијата во Џеда и со саудиските колеги работат на собирање повеќе информации.
Ново на Сител
-

Норвешка и Италија најуспешни на половина од ЗОИ 2026
-

Мицкоски на средба со извршниот директор на Американскиот еврејски комитет
-

Нов американски напад врз брод во Карипско Море, при што загинаа три лица
-

За шест часа собрани средствата за лекување на малата Ана
-

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради Задушница
-

Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа што може да се случи
-

Денеска православните христијани го празнуваат Светиот маченик Трифун
