„АстраЗенека“ можеби користела застарени податоци во клиничките испитувања во САД

Лабораторијата во „АстраЗенека“ можеби користела застарени податоци за време на клиничките испитувања на вакцинатата против Ковид-19 во САД, се наведува во соопштението на американскиот Институт за инфективни болести (НИАИД), објавено синоќа.
Групата за надзор изрази загриженост дека „АстраЗенека“ „можеби користела застарена информација за време на овие испитувања во САД, што можело да доведе до нецелосна проценка на ефикасноста на вакцината“, соопшти Национален институт за инфективни болести (НИАИД), што ги следи клиничките испитувања на вакцините.
-Ние ја повикуваме компанијата да работи со администрацијата за следење и безбедност на податоците (ДСМБ) за да се процени ефикасноста на податоците и да се осигура што е можно побрзо објавување на најточни, ажурирани и најефикасни податоци“, се додава во соопштението.
Лабораторијата во „АстраЗенека“ синоќа ја одбрани својата вакцина, наведувајќи дека е ефикасна во речиси 80 проценти од случаите на Ковид-19 кај повозрасните лица и дека не го зголемува ризикот од згрутчување на крвта по клиничките испитувања во третата фаза спроведени во САД врз 32.449 доброволци.
Вакцината од шведско-британската компанија „АстраЗенека“ е 79-процентно ефикасна во спречување на симптомите на Ковид-19 кај општата популација и 100 отсто во спречување на тешките форми на болеста и хоспитализацијата, соопшти компанијата по клиничките испитувања.
Неколку земји во текот на март престанаа да ја користат вакцината „АстраЗенека“ од страв да не создадат згрутчување на крвта, што понекогаш може да биде смртоносно. Минатиот четврток, Европската агенција за лекови (ЕМА) процени дека станува збор за безбедна и ефикасна вакцина, а повеќе земји продолжија да го вакцинираат населението со неа.
Ново на Сител
-

Повисока минимална плата ќе значи повисока инфлација
-

Приватна институција ќе ги утврдува причините за загадената вода во Струга
-

Ревитализација на бања во с. Бања високо на агендата на О. Чешиново-Облешево
-

Младите и социјалните мрежи
-

Преглед на вестите од светот
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
