Асфалтирање на улиците во штипското село Долани

Општина Штип од денеска започна со активности за асфалтирање на улици во село Долани вклучително и пристапот до селото. На отпочнување на градежните работи присуствуваше и градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, кој истакна дека во ова село ќе се асфалтираат улици во должина од еден километар.
- Повеќе од пет децении жителите на село Долани има потреба од асфалтирање на улиците. Инвестицијата е во вредност од шест милиони денари, кои се обезбедени преку Агенција за финансиска поддршка на руралниот развој и Владата. Ќе го направиме патот од црквата Свети Илија се до долниот дел на селото, каде што води кон излезот за регионалниот пат. Ова е еден од трите проекти низ селата кои се превдидени за реализација до крајот на годината. Наша цел е да обезбедиме услови за враќање на луѓето бидејќи овде има многу квалитетно земјоделско земјиште, рече Захариев.
Тој најави дека до крајот на годината ќе се направат и улиците во село Врсаково, потоа во Суво Грло, вклучувајќи изградба на мост на Лакавичка Река, а исто така ќе се доизгради и преостанатиот дел од околу еден километар до селов Пухче, каде годинава беа асфалтирани околу 3,5 километри од овој пат.
Ново на Сител
-

Глутница кучиња во скопски Карпош: Граѓаните видно вознемирени - што ќе превземат властите?
-

Тема на денот со Никола Грпчевски, државен советник во Министерство за здравство
-

Унгарски 4 Ај Џи доби лиценца за трет мобилен оператор
-

18 години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце во која загинаа 11 припадници на воздухопловниот винг
-

Екс директорот на Геријатрија идната недела ќе ја слушне пресудата за примање поткуп
-

Неизвесно е воведувањето на системот „Safe city“ од 1 февруари
-

Азир Алиу - законот за заштита од пушење не е ригорозен туку е европски
-

Уапсен напаѓачот на бугарската амбасада
