Асад: Заминувам од власт само ако тоа го побара народот
Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека ќе замине од власт само ако тоа го побара сирискиот народ, а не под притисок од Запад.
- Што се однесува до функцијата претседател, тој доаѓа на власт со прифаќање од народот на избори, а ако заминува од власт, тоа го прави ако народот го побара, а не поради судот на САД, Советот за безбедност на ОН или Женевски конвенции, изјави Асад во интервју за руските медиуми.
Асад истакна дека претседателот останува на власт, ако народот сака тој да остане на власт, а во спротивно би требало брзо да се симне од власт.
Помошта од Иран, што Сирија ја снабдува со воена технологија, е клучна во борбата против тероризмот, изјави Асад, нагласувајќи дека Техеран нема воени единици во Дамск.
Асад, исто така, истакна дека коалицијата предводена од САД досега не успева да спречи ширење на групата „Исламска држава“.
Ново на Сител
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња
-
Македонија оди на сè или ништо против Фарски Острови
-
Трговски центар во Варшава со 1.400 продавници изгоре во пожар | ВИДЕО