-->
-->
Асад се сомнева дека е можно да се воспостави примирје за една недела во Сирија
-->
Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска изрази сомнеж дека е можно во Сирија да се воспостави примирје за една недела, наведувајќи дека никој не е способен да донесе мир во такви околности.
По повод договорот на светските сили, постигнат во Брисел, дека примирје би било можно до крајот на неделава, Асад, како што пренесе Си-Ен-Ен, бил изненаден „дека се бара примирје во рок од една недела“.
– Добро, но кој е способен сите услови да ги обедини за една недела? Никој. Кој ќе разговара со терористите ако тие одбијат примирје? Кој ќе ги бомбардира?, запрашал Асад на состанок во Дамаск.
Според него, постојат многу прашања за тоа кои групи во Сирија може да се оквалификуваат како терористички.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинување за Филипче
-
Дипломатски активности за деблокада на европските интеграции
-
Стојанче Ангелов менува директорска позиција - Ќе го спасува ДЗС од агонија
-
Божиновска смета дека Чебрен и Галиште треба да ги гради државата
-
Се зголемува економската соработка помеѓу општината Тире од Турција и општина Прилеп
-
Балкански самит на МААА
-
Преглед на вестите од светот
-
Софија денеска ќе одговори дали ќе се одржи средба меѓу претставниците на самитот во НАТО во Хаг