-->
-->
Асад: Коалицијата предводена од САД во саботата изврши јавна агресија врз Сирија
-->
Сирискиот претседател Башар Ал Асад ги обвини денеска САД дека извршиле јавно посегнување по неговата земја со воздушните удари кои беа изведени во саботата, врз сириската војска во провинцијата Деир ез Зора, пренесува БТА.
- Непријателите на Сирија ја зголемуваат поддршката за терористичките организации. Пример за тоа е очигледната американска агресија врз позициите на сириската војска во Деир ез Зора во корист на терористичката група Даеш (Исламска држава), истакна Асад.
Најмалку 90 сириски војници загинаа при нападот во саботата, поради кој џихадистите презедоа позиции близу до аеродромот кој беше под контрола на режимот.
Коалицијата предводена од САД призна дека извршила бомбардирање, мислејќи дека напаѓа позиции на ИД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа