Артета по триумфот над Челзи: Доминиравме, се надевам дека ова е пресвртна точка
Тренерот на Арсенал, Микел Артета даде свое видување за натпреварот од 15. коло во Премиер лигата против Челси (3:1).
– Навистина голема победа за нас. Бевме многу разочарани од досегашните резултати – не толку од игрите. Нашите играчи страдаа, нашите навивачи страдаа. Нема ништо подобро од победа во лондонското дерби против Челзи на „Боксинг Деј“. Се надевам дека ова е пресвртна точка, истакна Артета.
Знам дека фудбалерите можат да играат на ова ниво. Знаеме колку е добар Челзи, но бевме подобри во големите моменти од играта. Повреди, коронавирус, играње со десет играчи… Вие почнувате да размислувате за тоа што ни треба за да го добиеме натпреварот. Убаво е да им се оддолжам на навивачите со нешто вакво. Можам да замислам колку беа разочарани досега. Започнавме добро и доминиравме. Ова влева доверба во тимот. Да продолжиме вака, додаде Артета во интервју за „Скај Спорт“.
По 15 одиграни натпревари во Премиер лигата Арсенал собра 17 бода за во моментов 14. место на табелата.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа