Македонија
29. February 2016 - 14:30

Артан Груби: Тодор Петров се сопнал и сам си ја повредил главата

Претседателот на СМК Тодор Петров кој во неделата по осветувањето на темелите на крстот во Општина Бутел, беше претепан во кафеана на Скопскиот саем, објави на својот Фејсбук профил детали за нападот, Според неговото пишување додека Петров бил тепан од страна на Беќир Асани, во кафеаната бил присутен и градоначалникот на Чаир Изет Меџити.

 

САТАНАТА ПРОТИВ КРСТОТПишува Тодор ПЕТРОВФала му на Господа, денес, Бог ми го спаси животот. На денот на Крстот... Н...

Posted by Todor Petrov on Saturday, 27 February 2016

Груби вели дека никој не го тепал Петров туку дека тој сам се повредил.

- Тодор Петров се сопнал, се повредил и си ја удрил главата. Беќир Асани не го истепал, а Петров само сака да стане фактор со вакви изјави. Ние воопшто немаме информација дека има пријава против Асани, рече шефот на кабинетот на лидерот Ахмети.