Арсовски: Николовски и Заев молчат за шверцуваните 5 шлепери тутун, а се фалат со запленети 30 кг путер
Љупчо Николовски и Зоран Заев молчат за шверцуваните 5 камиони тутун, а се фалат со запленети 30 килограми путер со поминат рок. Граѓаните веќе се свесни, оваа Влада е веќе со поминат рок и ќе заврши онаму каде што и е место, на политичкото буниште.
Додека се фалат за запленети 30 килограми путер, цела Влада на чело со Љупчо Николовски молчи за 5те шлепери шверцуван тутун преку фирмата Студенац Шпед, која е на негов близок пријател.
Јовевски, Русковска, Антикорупциска, МВР, сите молчат и се соучесници на сторениот криминал за кој има потврда дека се случил шверц на тутун и од Царинската управа.
Во години кога тутунарите се најоштетени земјоделци во државава, нема откуп, немаат субвенции и секојдневно протестираат за нивната мака, Љупчо Николовски молчи за шверц на 5 камиони тутун и згора на се, се фали со запленети 30 внимавајте килограми путер, а ги штити неговите пријатели кои што шверцуваат.
Почитувани,
Настрана од путерот кој им е единствено за мачкање очи на народот, оваа Влада на СДСМ е со поминат рок.
Одговорност за целиот криминал мора да има и ќе има. Ниту едно кривично дело нема да остане неказнето.
Димче Арсовски
Ново на Сител
-
Приведен 58-годишен маж од Кавадарци, возел со 2,13 промили алкохол во крвта
-
Елмас: Може да жалиме што не ја победивме Белгија
-
Синер убедливо го победи Ѓоковиќ и се пласираше во финалето на Ролан Гарос
-
Приведен криминалец од Штип за доиздржување затворска казна од 11 години и осум месеци
-
Тркалезна маса „Безбедно балканско туристичко лето 2025“
-
Во Турција 14.372 лица биле повредени при жртвување животни во првиот ден од Курбан Бајрам
-
Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки
-
Милевски: Македонија покажа дека има квалитет да се носи со најдобрите репрезентации