Арсовска: На Меѓународниот ден на младите првпат се формира Собрание на млади на Град Скопје
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на младите го потпиша решението за формирање Собрание на млади на Град Скопје, кое се основа првпат во Градот Скопје, во согласност со Законот за младинско учество и младински политики.
Во рамки на денешното одбележување, градоначалничката Арсовска оствари средба со претставниците на Иницијативниот одбор за конституирање Собрание на млади на Град Скопје, кои ја информираа за подготвителните активности за организирање на конститутивнaта седница на Собранието на млади на Град Скопје.
-Иницијативниот одбор по спроведен јавен повик за учество на конститутивно Собрание на млади на Град Скопје ги избра делегатите на собранието во кое членуваат претставници од младински организации, подмладоци на политички партии, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување, се наведува во соопштението од Град Скопје.
Собранието на млади на Град Скопје ги избира членовите на Локалниот младински совет на Град Скопје кои согласно регулативата ги застапуваат интересите на младите и креираат политики наменети за младите на подрачјето на град Скопје.
Град Скопје посветено работи на подобрување на условите за живот на младите, а формирањето на Локалниот младински совет значително ќе придонесува за зголемување на учеството на младите лица во носењето на одлуките од нивен интерес на локално ниво.
Ново на Сител
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари