Арсовска му порача на Мицкоски да продолжи да се занимава со неа, бидејќи и го подобрува рејтингот
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска вели дека и е многу мило што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се занимава со неа во изминатите две години и му посака да продолжи така, бидејќи како што вели, сакајќи да си го подигне својот рејтинг, очигледно работи да го подобри и нејзиниот.
Арсовска го изјави ова по денешната прес-конференцијата за изборот на Скопје за европска престолнина на културата 2028, на прашањето дека Мицкоски на неа и на Никола Груевски им посакал среќа што и да работат.
-Немам ништо што повеќе да му додадам, неговите очигледно лаги и манипулации и закани во изминатите две години, na којшто никој притоа не реагираше, ниту еден човек не излезе во одбрана на она што се случува во делот на заштита на правата на жената и на насилството коешто се одвива, наспроти она коешто сакаат да го прокламираат од другата страна како декларативна, вели Арсовска по денешната прес-конференцијата поврзана со изборот на Скопје - европска престолнина на културата 2028...
Што се однесува за прашањето дали со Груевски ќе формираат политичка партија, Арсовска забележа дека е посветена на она што треба да го реализира за Град Скопје, и ако има било какви други одлуки ќе ги повика медиумите и ќе ја извести јавноста.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Мицкоски: Во посета на Брисел бев приватно со семејството и немав средби со политичари
-

Реакции по говорот на Вучиќ: МПЦ-ОА е темел на македонскиот идентитет, вели Мицкоски
-

Кој стои зад лажната вест дека скопската вода има ешерикија коли?
-

Јадранот гори: Хрватска и Црна Гора се борат со катастрофални пожари
-

Шест пожари и натаму активни
-

Итно е потребна трансплантација на срце кај охриѓанецот Дарко
-

Кебакоски: Трговците ни ја купија пченицата по 10 ден. за да ја продадат поскапо Стокови резерви, државата да ни даде по уште 5 ден. од кг.
