Арсовска: Ќе се избориме против нелојалната конкуренција и ќе овозможиме полесен пристап до пазарите
Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска одржа средба со претставници од Комората на трговци од групацијата пазарџии од Бит Пазар, на која што детално се дискутираше за предизвиците со кои што пазарџиите од територијата на Град Скопје се соочуваат при извршување на нивната дејност. Како главни проблеми, претставниците ги истакнаа нелојалната конкуренција и нелегалната трговија на просторот околу пазарите и секојдневниот сообраќаен метеж.
„Нелегалната трговија и нелојална конкуренција факт е дека се одразува негативно кон целокупното функционирање на економијата во нашата земја, а за жал, не само на пазарите, ја гледаме насекаде. Кај пазарџиите овој проблем е изразен, затоа што со продажба надвор од просториите на пазарот се намалува нивната зарботка, а давачките кон државата остануваат исти. Законите се исти за сите и мора да важат за сите, вклучувајќи ме и мене како граѓанин на овој град. Во однос на хаосот во сообраќајот, се обврзувам дека еден од моите врвни приоритети ќе биде доведување во ред на истиот, преку ефикасни решенија како што се бесплатниот јавен превоз, нови кружни текови на повеќе локации, поврзување булевари и повеќе велосипедски патеки„ – истакна Арсовска.
На крајот од средбата, Арсовска им ја понуди својата поддршка на пазарџиите и им кажа дека Град Скопје ќе излага пресрет на нивните барања.
Ново на Сител
-

Андоновски ќе го претстави новиот систем за СМАРТ лиценци и активностите за „Роаминг како дома“
-

Палестинец уапсен на Крит под сомнение дека е поврзан со Хамас и планирал напади
-

Денес се празнува трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител
-

Лидерите на Украина, Франција и Германија доаѓаат во Лондон на разговори
-

Парламентарни избори во Ерменија
-

Николоски ќе изврши увид во реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродром
-

Топло време со температури до 34 степени, попладне можно краткотрајно невреме
-

Осум лица лишени од слобода поради дрога во Скопје, Тетово и Битола
