Арсовска ја разреши директорката на „Комунална хигиена“
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска ја разрешила од функција директорката на ЈП „Комунална хигиена“ Косана Мазнева-Николиќ, а на нејзино место го назначила Гоце Трајковски.
Мазнева-Николиќ за СДК.МК потврдила дека е разрешена од функцијата, но не знае зошто.
- Точно е, разрешена сум од функцијата директорка на претпријатието. За причините зошто сум разрешена треба да одговорат надлежните во Градот кои ги носат одлуките. Не станува збор за мое повлекување, ниту сум побарала да заминам од претпријатието. Напротив, цел овој изминат период напорно работев за подобрување на состојбите и условите за работа на работниците, вели Мазнева-Николиќ.
Од Град Скопје засега нема официјална потврда за смената на директорката на „Комунална хигиена“.
Разрешувањето на Мазнева-Николиќ следува три месеци по протестот на дел од вработените во „Комунална хигиена“. Таа беше назнечена од Арсовска за прв човек на „Комунална хигиена“ јули лани, откако беше разрешен дотогашниот директор Енуз Кока од Алијанса за Албанците.
Ново на Сител
-

Анализи на примероци од Дојранското езеро покажале дека водата може да се користи за капење
-

Најмалку две лица повредени при експлозија во фабрика за пиротехника на Малта
-

Пожар на депонијата „Краста“, екипите на „Чистота и Зеленило“ Куманово на терен
-

Нетанјаху нареди напади врз предградијата на Бејрут, Аун ја осудува „злобната израелска агресија“
-

Трамп по новите напади: Седнете и опуштете се, Иран сака да постигне договор
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува кај Турција
-

ГРК Охрид го освои ЕХФ Европскиот куп
-

Македонските КикБоксери со 66 медали и шест признанија за најуспешни натпреварувачи на ВАКО КикБокс Балканското првенство
