Армен Саркисјан избран за претседател на Ерменија
- Ерменскиот Парламент денеска со големо мнозинство го избра поранешниот премиер и некогашен амбасадор во Велика Британија, Армен Саркисјан за нов претседател на Ерменија.
За изборот на 64-годишниот Саркисјан гласаа вкупно 90 од 105-те пратеници во Парламентот.
Саркисијан, кој е избран за мандат од седум години, ќе го наследи досегашниот шеф на државата Серж Саркисјан, кој според неофицијални информации, најверојатно ќе биде нов ерменски премиер.
Саркисјан за претседателската функција беше предложен од владеачката конзервативна Републиканска партија, а за неговиот избор гласаа и пратениците од левоцентристичката Ерменска револуционерна федерација и од центристичкиот блок Просперитетна Ерманија.
Со ланаските уставни реформи Ерменија се трансформираше од претседателска во парламентарна република, па сега шефот на државата има повеќе протоколарни функции и ограничен број надлежности.
Ново на Сител
-
Вучиќ во Украина: Прва посета од избувнувањето на војната
-
САД и Кина постигнаа начелна согласност за трговската рамка
-
Седници на две собраниски комисии
-
„Сапорт Кочани“ ја исплати фактурата за првата тура компресивна облека
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на Обвинителството
-
Втор екстерен испит од државната матура, најмногу пријавени за тестот по англиски јазик
-
Делегација на Вооружените сили на Унгарија во официјална посета на Армијата на Северна Македонија
-
Трамп ги нарече демонстрантите „странски непријател“ и вети дека ќе го „ослободи“ Лос Анџелес