АРМ излегува на граница, прогласена кризна состојба поради мигрантите
Владата на Република Македонија на вчерашната седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба во регионот на јужната и северната државна граница поради зголемениот наплив на мигранти, со што согласно правните прописи се отвора можност за соодветен ангажман и на АРМ, информира денеска на прес-конференција портпаролот на МВР Иво Котевски.
Тој посочи дека меѓуинституционалното координативно тело секојдневно ја следи состојбата со илегалните мигранти кои имаат намера да влезат на територијата на Република Македонија од соседна Грција и изготвува соодветни анализи за одговор при сите евентуални сценарија.
Појасни дека заради зголемениот притисок на јужната граница и се поголемиот интензитет на транзит преку т.н. балкански мигрантски коридор, но и состојбата во глобални рамки, беше проценето дека е неопходна дополнителна зголемена и поефикасна контрола на граничниот појас каде што се регистрирани масовни илегални преминувања од грчка страна. - Ангажманот на Армијата очекуваме да даде резултат во две насоки.
Прво, да се зголеми безбедноста и спокојството на локалното население и второ, да се обезбеди посеопфатен пристап во третманот на лицата кои изразиле намера да бараат азил во Република Македонија согласно капацитетите и препораките на конвенциите чиишто потписник е токму Република Македонија и кои се трудиме доследно да ги почитуваме, рече Котевски.
Нагласи дека за постапување по одлуката на Владата ќе биде формиран главен штаб при Центарот за управување со кризи кој треба да го изготви акцискиот план и да ги реализира предвидените активности.
Ново на Сител
-

Новите предлог закони за високо образование и за квалитетот на високото образование
-

Недостигаат современи луксузни хотели
-

За 2025 Општина Прилеп наплатила 60% од данокот на имот и 44% од комунална такса фирмарина
-

Вечерва свечено ќе бидат отворени 25. ЗОИ што ќе одржуваат од 6-22. февруари во Милано и Кортина
-

Преглед на вестите од светот
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
