„Аркан сакаше да ме убие, па јас го убив него“

Зоран Ускоковиќ Скеле, кој со години се споменува како еден од организаторите на убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан во хотелот „Интерконтинентал“ заедно со покојниот командант на српската доброволна гарда со години бил во добри работни односи.
Во последното интервју кое го дал потврдил дека после ликвидацијата ѝ се јавил на Цеца и ѝ изјавил сочувство.
Според она што Скеле го изјавил, бил убеден дека Аркан сакал да го убие него.
Во една прилика Аркан го замолио Скеле, со кој дотогаш имал коректни односи, да му позајми 80.000 германски марки. Парите му биле потребни за обврските на припадниците на Српската доброволна гарда. По неколку месеци Скеле ги барал своите пари, но не ги добил назад.
Кога Аркан одлучил да го купи фудбалскиот клуб „Обилиќ“ на сите им било јасно дека тогашните можности на клубот не ги задоволуваат амбициите на Аркан. За рекордно време „Обилиќ“ се пласирал во елитното фудбалско натпреварување и веднаш го освоил шампионатот во Србија.
Трансферот на фудбалери се одвивал без никакви финансиски контроли. Дефинитивно односот меѓу Аркан и Скеле ескалирал токму поради трансферот а фудбалерите. Тие двајца не се разбрале околу процентот кој ќе го земат при трансферот на фудбалерот Лазетиќ, наводно договорот бил пола-пола, но Аркан сметал дека на Скеле треба да му припадне само приходот од „техничкиот ангажман“ на фудбалерот. По нивниот состанок во врска со со сето тоа, Скеле бил убеден дека Аркан сака да го ликвидира, па затоа одлучил тој прв да го стори тоа.
Ново на Сител
-

АМСМ: Сите државни патишта проодни, се препорачува внимателно возење поради снег
-

Алиу: Предлог-законот го регулира пушењето на отворен јавен простор, каде што има присуство или движење на повеќе луѓе
-

Двајца починати и четворица тешко повредени во три одделни сообраќајни несреќи
-

Изминатите два дена 1026 сообраќајни прекршоци, приведени пет лица за безобѕирно управување на возило
-

Лажни мејлови во име на директорот на БЈБ се шират низ Македонија, предупредува МВР
-

Тендерот за лекот „фактор 8“ за пациентите со хемофилија ќе се распише најдоцна до утре
-

Почина Милена, жената од Неготино која беше инспирација за легендарниот хит „Моја Милена“ на „Нови фосили“
-

Просечната нето-плата во ноември 45.961 денар
