-->
-->
Архивата на поранешен „Киро Ќучук“ предадена во Одделението на Државниот архив во Велес
-->
Од денеска архивата со 140 архивски кутии на поранешната фабрика за цигли и градежни материјали „Киро Ќучук“ од Велес е сместена во Одделението на Државниот архив во Велес.
Како што информира Слободан Ников директор на Одделението на Државниот Архив во Велес, архивата ја сочинуваат матичните книги на вработените, материјали од седници на Работничкиот совет, на Управниот одбор и одлуки на директорите, како и фотографии на вработените и директорите и значајни настани од работењето на фабриката во изминатите педесет години.
- Оваа документација ќе остави трага за идните генерации, како сведок дека во Велес во изминатите 50 години работела ваква фабрика. Воедно поранешните вработени кои имаа проблеми во врска со стажот ќе можат да дојдат кај нас во Архивот и да си проверат.будејќи тука се наоѓаат платните списоци и нивните досиеја, појасни Ников.
Предавањето на архивата е направено во договор со стечајниот управник и новите сопственици македонско турската компанија „Еуробринк“, информира Ников.
Според него, во Одделението на Државанит Архив во Велес се сместени архивите скоро на сите велешки фирми кои отидоа во стечај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поевтинуваат сите горива
-
Јужна Европа се „пржи“ на екстремна жештина
-
Трамп му се закани на кандидатот за градоначалник на Њујорк
-
До крајот на неделава сончево и многу топло со температури до 40 степени
-
Гори глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид
-
19-годишна радовишанка со 2,23 промили алкохол во крвта направила сообраќајка, па побегнала
-
19 стебла канабис пронајдени во струмичко
-
Лавров: Одлуката на членките на НАТО за зголемување на издвојувањата за одбрана може да доведе до негово распаѓање