Археолошки истражувања на локалитетот Дрма - Бадер

Завршија археолошките истражувања на локалитетот Дрма-Бадер кај село Бадер, Скопско, соопшти Министерството за култура.
Истражувањата кои се дел од Програмата за финансирање проекти од национален интерес во културата на Министерството за култура, ги спроведоа ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп, а учество земаа и професори од катедрите за археологија при Универзитетите, „Гоце Делчев - Штип“ и „Св. Кирил и Методиј - Скопје“, како и археолози од Археолошкиот музеј на Македонија, Музејот на Град Скопје и студенти по археологија.
Спроведените сондажни истражувања биле во насока на утврдување на габаритот на еден поголем архитектонски комплекс, во чии рамки беа откриени еден стопански дел од поголем објект и една градба со апсида.
Врз основа на наодите објектот припаѓа на римскиот период, односно III и IV век. Во рамки на овие истражувања биле откриени и значајни наоди како римски монети, предмети од метал и стакло, при што се издвојува откритието на една оловна икона со претстава на „Култ на Дунавски коњаник“, како и големо количество градежен материјал и фрагменти од керамички садови.
Археолошкиот локалитет „Дрма - Бадер“ претставува вистински предизвик за научната и стручна јавност, со оглед дека топонимот е во врска со Бадеријана - родниот град на императорот Јустин I кој владеел од 518 - 527 година, и кој бил наследен од неговиот внук Јустинијан I, чие место на раѓање е соседниот локалитет Таор кај с. Таор, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

УХМР: Утре променливо облачно со дожд, на повисоките места снег
-

Приведени шест возачи, управувале возила иако имаат мерка „забрана за управување моторно возило“
-

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година
-

Во угостителски објект во Скопје на подрачјето на Центар се точел алкохол на малолетници, приведено едно лице
-

10 возачи управувале возила без возачка дозвола, ќе им бидат поднесени кривични пријави
-

Зеленски ја потпиша одлуката за нови санкции против рускиот воено-индустриски комплекс
-

Мицкоски: Направивме храбар, историски чекор, очекувам администрацијата да ги подобри услугите кон граѓаните и бизнисот
-

Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец
