-->
-->
Aргентинското дерби за Бока
-->
Бока Јуниорс славеше и во второто Суперкласико, најголемото дерби во аргентинскиот фудбал. На „Монументал“ стадионот против домаќинот Ривер Плејт, Бока победи со 0:1.
Со оваа победа и по поразот на Сан Лоренцо, фудбалерите на Бока повоторно се искачија на лидерската позиција на табелата.
Дуелот на „Монументал“ го реши резервистот Николас Лодеиро во 19. минута, кога добро ја испрати акцијата на Карлос Тевез и одбиената топка со прецизен удар ја смести во мрежата на Ривер Плејт.
Инаку, стрелецот на голот Лодеиро во игра влезе на самиот почеток, откако по нецели 20 секунди искусниот Фернандо Гаго се здоби со тешка повреда на Ахиловата тетива.
На пет кола до крајот на првенството, Бока Јуниорс има 52 бода, два повеќе од Сан Лоренцо и уште четири победи му се потребни на овој тим за да ја освои 31-та титула во шампионатот на Аргентина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци