-->
-->
Аргентина испушти водство од два гола
-->
Бразил го задржа максималниот ефект во квалификациите за пласман на Светското првенство, додека Аргентина ја испушти победата над Колумбија во 94. минута. Шестото квалификациско коло за пласман на СП во Катар, во јужноамериканската зона се одигра изминатата ноќ.
Колумбија имаше кошмарен почеток на дербито против Аргентина. „Гаучосите“ по само осум минути имаа предност од 0:2. Кристијан Ромеро постигна гол во третата, а Леандро Паредес во осмата минута.
Во финишот на првиот дел, голманот на Аргентина, Емилијано Мартинез, поради повреда мораше да го напушти теренот.
Колумбијците го намалија резултатот со голот од пенал што го постигна Луис Мјуриел во 51. минута. Конечните 2:2 ги постави Борха во 94. минута.
Бразилците по шест кола имаа максимални 18 бодови. Нејмар и екипата, славеа победа над Парагвај во Асуснсион од 2:0. Головите за Бразил ги постигнаа Нејмар во третата и Лукас Пакета во 93. минута.
Резултати:
Еквадор-Перу 1:2
Венецуела-Уругвај 0:0
Колумбија-Аргентина 2:2
Парагвај-Бразил 0:2
Чиле-Боливија 1:1
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз