Македонија
27. February 2024 - 18:28

Арбен Таравари ги собра потребните 10.000 потписи за претседател

Арбен Таравари од обединетата албанска опозиција „Вреди“ попладнево информираше дека ги собрал потребните 10 000 потписи за кандидатурата за претседател.
Таравари на социјалните мрежи им се заблагодари на сите оние кои се потпишале за неговата кандидатура за претседател.

„ Ви благодарам на секој од вас што во рекордно време ја потпишавте мојата кандидатура за претседател! 
Целата оваа кампања нека биде наменета за Вас!“, напиша Таравари на својот Фејсбук профил.