Апсења во Германија по нападот во Брисел
Германската полиција уапси двајца осомничени за врски со терористичката група што ги изврши нападите во Брисел во вторникот, јави дописникот на МИА од Берлин.
Според неименувани извори на весникот „Шпигел“, еден од уапсените е приведен во средата во близина на Франкфурт.
Тој пред нападите во Брисел примил две пораки преку мобилен телефон во кои се споменувало името на Калид Ел Бакрауи, терористот кој ја активира бомбата во бриселското метро.
Германското Министерство за внатрешни работи не ги потврдува наодите на весникот, според кои, примените пораки го содржеле зборот „крај“ на француски и биле примени три минути пред експлозијата во метро станицата Мелбек во Брисел.
Засега нема детали за идентитетот на вториот уапсен за врски со напаѓачите во Брисел.
Германските безбедносни служби предупредуваат дека со оглед на развиената мрежа на ИД во Европа, не може да се отфрли можноста од нови терористички напади вклучително и на локации во Германија.
Ново на Сител
-
Приведени две лица, одземено товарно возило, запленета стока | ФОТО
-
Гаши денеска стабилен
-
Приведени двајца скопјани, агресивно се однесувале кон вработените во Градската општа болница „8 Септември“
-
Повеќе од 24 часа исчезната е прилепчанката Билјана, семејството моли за помош | ФОТО
-
Сијарто: Пристапувањето на Украина во ЕУ нема да ја зајакне Украина, туку ќе ја доведе Унијата во војна
-
Поранешен чувар во амбасадата на САД во Осло обвинет за шпионажа за Русија и Иран
-
Вардар ја пречекува Лозана, Седлоски најави максимална борбеност против фаворизираниот противник
-
Меџити: Ќе имаме кандидат за градоначалник на Скопје