-->
-->
„Априлијада“ во Велес
-->
По повод Денот на шегата-1 Април денеска во Младинскиот парк во Велес се одржа традиционалната „Априлијада“.
Во организација на општина Велес, децата од градинките и од основните училиштата продефилираа во шарени костими и маски со ликови од бајките и цртаните филмови, кои ги изработија во соработка со своите наставници и родители.
Дуњамин Мехмед од службата за информирање на општина Велес изјави дека целта на оваа манифестација и годинава беше децата да бидат креативни во изработката на костими и маски и да се дружат со останатите свои врсници од градот.
Македонка Виларова, општински инспектор за образование оцени дека традиционалната „Априлијада“ е многу успешна и весела манифестација која со нетрпение ја очекуваат најмладите од градот.
- Им благодарам на воспитувачите, наставниците и родителите кои се вклучија во изработката на интересни и креативни костими и маски и така дадоа свој придонес за одржување на денешната весела и шарена манифестација, посветена на Денот на шегата, потенцира Виларова.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Светот беше на чекор до победа над детската парализа, сега се заканува нејзино враќање
-
Германскиот канцелар Мерц ги поздрави напорите на Трамп за крај на војната во Украина
-
Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија
-
Загина 52-годишно лице откако со мотоцикл удрил во паркирано возило
-
Турчин пронајден мртов во хотел на Бит Пазар
-
Неготинец тешко повреден при пад од мопед
-
Приведени кавадарчани за непочитување полициски наредби на фудбалски натпревар
-
Трамп: Путин и Зеленски ќе организираат состанок за прекин на огнот во Украина