ОН апелираа за укинување на ембаргото кон Куба

САД гласаа против резолуцијата на Генералното собрание на бединети нации, со која се бараше укинување на американското трговско ембарго кон Куба.
Резолуцијата е усвоена со 191 глас „за“ и два „против“. Покрај САД „против“ гласаше и Израел.
Откако пред 24 години почна гласањето за слични резолуции, САД само во 2016 година, кога претседател беше Барак Обама, Вашингтон се воздржа од гласање. Тогаш Вашингтон и Хавана почнаа процес на нормализација на односите.
Пред гласањето постојаната претставничка на САД во ОН, Ники Хејли изајави дека Вашингтон ќе гласа против резолуциите за укинување на ембаргото „се додека на кубанскиот народ им се ускратуваат граѓанските права и основни слободи“.
Резолуцијата на ОН може да има политичка тежина, но само американскиот Конгрес во целост може да го укине ембаргото, кое е воведено пред повеќе од 50 години.
Ново на Сител
-

СДСМ: 16 милиони евра од тендери
-

Охридскиот Црвен крст помага на повеќе од 600 семејства
-

Карневалските свечености во Струмица годинава ќе започнат на 18 и ќе траат до 25 февруари
-

Преглед на вестите од светот
-

ДУИ победи во Гостивар и Врапчиште, ВМРО-ДПМНЕ во Маврово Ростуше и ДПТМ во Центар Жупа
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

ДИК бележи намалена излезност
-

Повторени избори во 4 општини
