-->
-->
Апелација преиначи девет условни во затворски казни за насилството на 27 април
-->
Апелацискиот суд Скопје ги преиначи условните казни за девет лица за учество во толпа за време на насилство во Собранието на 27 април минатата година, во казна ефективен затвор.
Деветмината обвинети лани во мај признаа дека учествувале во толпа која сторила насилство, а Кривичниот суд на сите им пресуди условни казни.
Апелацискиот суд по жалбите на Обвинителството, условните ги преиначи во ефективни затворски казни за сите девет лица.
Од Судот информираат дека највисока казна доби Димче Ристовски – Жабата и изнесува една година и шест месеци, седуммина добија казни во траење од една година, а едно лице е осудено на осум месеци затвор.
Апелацискиот суд решенијата со изменетата одлука за ефективен затвор денеска ќе ги препрати до Кривичниот суд
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар
-
Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам
-
Донесен Законот со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред
-
Црна Гора се бори со пожари на неколку фронта, високи температури го отежнуваат гаснењето
-
Мртво деветмесечно бебе од село Сливник Велешко донесено во болница
-
Таеквондо натпреварувач од Грузија колабираше во пеколот во фискултурната сала
-
Приведени две лица, одземено товарно возило, запленета стока | ФОТО
-
Гаши денеска стабилен