Апелација ќе решава дали „бомбите“ се доказ за „Тендери“

Апелацискиот суд денеска треба да расправа дали снимките од прислушуваните разговори ќе можат да се користат како доказ во случајот на Специјалното јавно обвинителство „Тендери“.
Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, на 27 септември годинава ги одби т.н. „бомби“ како доказ во случаите „Тендери“, „Топлик“ и „Тортура“.
Во случајот „Тендери“ обвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канчевска Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“. Во „Топлик“ осомничени се шест лица од Министерството за транспорт и врски за изградба на „Сончев град“, а „Тортура“ се однесува на апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски.
Снимите од пислушуваните разговори досега се прифатени како докази во предметот „Триста“ во кој обвинет е поранешниот помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски и за „Насилство во Центар“ во кој обвинет е поранешниот премиер Никола Груевски, а се отфрлени за „Титаник“, „Тенк“, „Тифани“ и „Тревник“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воен аналитичар
-

Утре се избираат градоначалници во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа
-

Избега од Македонија 18 годишниот возач кој без возачка, вчера усмрти жена во Капиштец
-

Извештај на ЦУК за поплави и свлечишта во најкритичните места
-

Ризикот од поројните дождови поголем во урбаните средини
-

Штети од поплавите во кочанско
-

Од март стапува на сила поригорозен закон за заштита од пушењето - се забрануваат и електронските цигари
-

Цените на становите уриваат рекорди, ќе има ли стабилизација?
