Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелациониот суд Скопје ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години. Јованов беше првостепено осуден на 12 години затвор за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Тој во јануари годинава, управувајќи возило со брзина од 91 км/ч, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, поминувајќи на црвено светло на пешачки премин удри во Фросина Кулакова, која починала на лице место.
-Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-696/25, по одржана јавна седница на 06.10.2025 година, а по спроведено советување и гласање на нејавен дел од седницата на ден 27.10.2025 година, донесе пресуда со која ја уважи жалбата на Основото јавно обвинителство Скопје и ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот В.Ј. од С, стои во соопштението од Апелационен суд Скопје.
Се дополнува дека пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи во делот на кривичната санкција, на начин што обвинетиот В.Ј. од С. кој со првостената пресуда е огласен виновен за кривично дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став2 в.в со член 297 став 1 од Кривилниот законик, се осудува на казна затвор во траење од 13-тринаесет години.
-Во останатиот дел првостепната пресуда се потврдува, дополнуваат оттаму.
Првостепено, Основниот кривичен суд Скопје на во мај годинава го огласи Јованов виновен за сообраќајната несреќа на булевар „Партизански одреди“ во Скопје, во која животот го загуби 22-годишната Кулакова.
Судот тогаш му изрече казна затвор од 12 години, забрана за управување возило од пет години и парична казна, земајќи ги предвид признанието на вина и каењето како олеснителни околности, а како отежнителни – возење без дозвола, под дејство на алкохол, преминување на црвено и претходна осуда за недозволена трговија со дрога.
Според обвинението, Јованов на 29 јануари управувал возило со брзина од 91 км/ч, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, поминувајќи на црвено светло на пешачки премин, при што удрил во Кулакова, која поминувала на зелено светло. Од ударот таа починала на лице место. За ова кривично дело е предвидена казна до 20 години затвор.
Во меѓувреме, во Основниот кривичен суд Скопје против таткото на Васил Јованов, Зоран Јованов, се води судски процес за кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“, бидејќи во период од ноември 2022 до јануари 2025 му дозволувал на својот син да управува автомобил без возачка дозвола, иако знаел дека е повеќекратен сторител на сообраќајни прекршоци, што според обвинителството придонело за трагичната несреќа во која загина Фросина Кулакова.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
-

Групна тепачка помеѓу шест лица во Шуто Оризари
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
