-->
-->
Апелација ја укина времената забрана за продажба на книгата на Андов
-->
Апелациониот суд Скопје ја укина времената мерка со која се забранува продажба на книгата „До атентатот и по него“ на поранешниот претседател на Собранието Стојан Андов.
Апелациониот суд ја прифатил жалбата на адвокатот на Андов, Звонко Давидовиќ, според кого решението на првостепениот суд да ја забрани книгата претставува прејудицирање на пресудата.
Основниот суд Скопје-2 на 21 март годинава донесе одлука за времена забрана за продажба на книгата на Стојан Андов „До атентатот и по него“, по тужбата на Љубомир Фрчкоски за повреда на неговите лични права, односно за клевета во врска со атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина
-
Пријавен случај на подметнување пожар во Делчево
-
Активни два пожари на отворен простор, четири ставени под контрола, 22 целосно изгаснати
-
Иранскиот претседател бил повреден за време на војната со Израел
-
27 лица загинаа во израелски напади во Газа
-
Црна Гора го одбележува Денот на државноста
-
Повредени 12 лица во Атина откако паркиран џип почнал да се движи и удрил во ресторан
-
Уапсен крадец во Велес, извршил повеќе кражби во еден ден