Апелација ја бранеше пресудата па се огради од неа

Скопска Апелација во соопштение објавено на официјалната страна утринава ја бранеше пресудата против Македонски Телеком со која компанијата е задолжена да плати 4 милиони евра на човек фирма од Штип.

"Во врска со известувањето на Македонски Телеком АД за пресудата од 04 јули годинава Апелациониот суд Скопје ги отфрла неоснованите обвинувања за евентуални неправилности или надворешни влијанија врз донесената пресуда и притоа ја информира јавноста за следното:
Тужителот во оваа постапка барал надомест на штета која произлегува од правосилно Решение на Комисијата за заштита на конкуренцијата од 2012 година, потврдено со пресуда на Управниот и Вишиот управен суд, а со кое е утврдено дека Македонски Телеком извршил злоупотреба на монополската позиција така што го исфрлил тужителот од пазарот и му оневозможил да обавува дејност. При постоење на правосилен основ за право на штета и вештачење изготвено по налот и барање на суд, првостепениот суд, после 16 години водење на постапка, го одбил тужбеното барање на тужителот. Ваквата пресуда, второстепениот суд ја преиначи и делумно го уважи тужбеното барањена тужителот."
Судот во ова првично соопштение остро му се обрати на Македонски Телеком.
"Се укажува на Македонски Телеком АД Скопје да не се смета за компанија која е над законот и да не изнесува шпекулации и невистини против судии на Апелациониот суд Скопје кои претставуваат класичен притисок врз Судскиот совет на РСМ, а правата од судските постапки да ги остваруваат пред судовите, во случајов пред Врховниот суд на Македонија, пред кој имаат право да изјават ревизија.", пишува во соопштението под кое не беше прецизирано кој го пишува и објавува.
Неколку часа подоцна на веб страната на судот осамна ново известување.
"Апелациониот суд Скопје појаснува дека во соопштението за јавност објавено на ден 23.08.2024 година се содржани ставови на судечкиот совет кој постапувал по предметот ТСЖ-1136/23.", стои во известувањето со кое судот како целина се огради пд судиите кои ја донеле одлуката.
Ново на Сител
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
-

„Македонска ослободителна мисла 1893-1991“- непрекината 100 годишна идеја за создавање држава
-

Смоларскиот водопад добива нова метална платформа за набљудување
-

Преглед на вестите од светот
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
