Македонија
6. December 2016 - 12:12

Апел за помош на Антонио Антониевски на кого итно му е потребна трансплантација на бубрег!

Апел за помош на 17 годишниот Антонио Антониевски од Градско. Антонио е роден со нефрокалциноза и тубуларна ацидоза, хронична бубрежна болест (бубрези кои не се развиваат добро и не растат со текот на времето). Сега се наоѓа на дијализа секој втор ден и итно му е потребна трансплантација на бубрег за кој се потребни од 35 до 50 илјади долари. Сите пари ќе бидат наменети за наоѓање на добра болница, испитувања, тестови и ординации, како и за сместување на Антонио и неговата мајка, доколку има потреба за лекување во друга држава.

Трансакциска сметка за донации:
210-7000006345-16

Наскоро ќе бидат отворени и телефонски линии за донација.

Антонио и неговото семејство се благодарни на секоја донација без разлика на цената.

Бидете хумани донирајте за Антонио!