Апел до жителите од Поткожувјето да се воздржат од неитни патувања поради можни навеви од снег

Апел до жителите од Поткожувјето да се воздржат од неитни патувања поради можни навеви од снег, упатија денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев.
Согласно најавите од УХМР Скопје, од денеска попладне следи промена на времето проследена со врнежи од снег и засилен северен ветер, како и пад на температурата до -10 C. Врнежите од снег ќе започнат во вечерните часови и ќе бидат проследени со засилен северен ветер, при што е можна појава на снежни навеви и голомразица, појаснуваат од градоначалничкиот кабинет.
Препораката важи за наредните неколку денови.
-Исто така се апелира на старите и изнемоштени лица како и децата, наредните неколку дена да ги поминат во градот. Зимската служба на Општина Кавадарци непрекинато ќе ја следи состојбата и благовремено ќе реагира и интервенира согласно категоризацијата на улиците и локалните патишта. Доколку е потребна интервенција или помош при движење на тешко пристапни патишта поради невремето, може да се јавите на телефонскиот број 071/ 219 494 или на 192, додаваат од кабинетот на градоначалникот.
Ново на Сител
-

Се реализираат активности за враќање на редот и достоинството на главниот град - велат од Град Скопје
-

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
-

17-годишник од Карбинци тешко се повредил при пад од коњ
-

Серена и Венус Вилијамс ќе играат двојки на Вимблдон
-

Трамп: Русија треба да се согласи на договор со Украина
-

Кремљ: Путин не доби официјална покана да присуствува на преговори на Самитот на Г7
-

Бебе оставено на клупа во парк во Шуто Оризари
-

Работник на гостиварски Комуналец починал откако заглавил во канал за вода
