Апасиев: Задоволни сме од резултатите на изборите, можни се предвремени парламентарни избори
Поставените проекции како цел од страна на Левица, полека се остваруваат, изјави вечерва лидерот на ова политичка партија, Димитар Апасиев.
За разлика од минатите локални избори од 2017 година, истакна Апасиев, на овие избори Левица го задржува епитетот на најбрзо растечко левичарско движење во Европа.
– Имаме 15 пати поголем раст од минатите локални избори и четирикратен раст од парламентарните избори, со што сме единствена партија која што бележи тенденција на раст. Во поглед на пресекот на минатите избори каде што имавме само тројца советници, сега имаме советници во речиси 30-тина општини. Влегуваме со повеќе советници во Скопје, во Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар, Шуто Оризари, Битола, Велес, Богданци, Гевгелија, Делчево, Кавадарци, Куманово, Неготино, Прилеп, Охрид, Кочани итн. Евидентен е растот на Левица, ние сме задоволни од овие избори, тоа беше нашата примарна цел – Левица да влезе во советите, рече Апасиев.
Според него, кандидатите за градоначалници на Левица, секаде се трети и не влегуваат во вториот круг.
– Како партија и раководство ќе правиме анализи каде потфрливме, каде направивме добар скор. Општа тенденција е дека левичарското расположение во Македонија е во нагорна линија. Конечно е завршено долгоочекуваниот процес на пасокизација на СДС, и Левица го зазема сигурно приматот во левиот спектар. Хибридниот режим на Заев, е веќе на завршеток и тоа е добро општо како политика на ниво на држава, изјави Апасиев.
Според него, опозициските тенденции се евидентни и можно е одржување предвремени парламентарни избори по локалните, затоа што, според него, „Заев е веќе дел од буништето на историјата“.
Во одговор на новинарско прашање за тоа дали ќе повикаат да се гласа за некоја партија во вториот круг на локаланите избори, Апасиев истакна дека Левица останува принципиелно на ставот да не коалицинира со ниту една партија.
– Меѓутоа, од општина до општина можни се преговори со опозициските партии. Ќе чекаме да не викнат на преговори. Не исклучуваме преговори, но формални коалиции не верувам дека ќе има. Сепак раководството ќе треба да ја донесе таа одлука. Во следните две недели планираме да свикуваме проширен Централен комитет каде што ќе се испеглаат сите овие прашања и ќе го дадеме курсот на понатамошните наши дејствувања. Евидентно е проопозициското настроение на народот и мислам дека тој курс ќе го држиме и понатаму, рече Апасиев.
Тој нагласи дека ако евентуално има предвремени парламентарни избори, Левица би одела сами, а постизборно можно е да преговара за состав на Влада.
– Има најави и за една друга опција, односно ново парламентарно мнозинство без избори. Сите опции се отворени. По овој дебакл мислам дека нештата нема да бидат како што беа досега, додаде Апасиев.
Што се однесува до бројот на советници во Советот на Град Скопје, Апасиев истакна дека очекуваат да имаат најмалку петмина, додека на ниво на држава, како што рече, се „во рамки на предвидените некаде 50-60 советници“.
Ново на Сител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
-

Камион со железни профили криел 79 килограми марихуана – разбиена меѓународна криминална група на Дојран
-

Радев: Два брода погодени со дронови во Црното Море, еден потона – екипажот исчезнат
