Апасиев: Драг Оливер, тргнавте против народот со палици и кучиња, ќе завршите бетер од Гоца
Лидерот и пратенк на Левица, Димитар Апасиев на својот Фејсбук профил упати порака до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и истакна дека вчера не потпаднале на стапицата и навремено се дистансцирале од провокаторите.
„Драг Оливер.
Синоќа не ви влеговме во стапицата на тајната полиција. 50-темина уфрлени провокатори со качулки од АНБ, кои застанаа пред транспарентот на Левица, беа навреме "прочитани" и левичарите се дистанцираа од нив со санитарен кордон!
Не ви паѓаме на тие ефтини финти, за после да имате основ да го поапсите цело раководство на Партијата (како што ве учат петте агенти на ЦИА за местенки, кои дошле пред два дена во Македонија).
МАКЕДОНИЈА е долга и широка работа бе, предавници. За неа сме спремни и да изгинеме, ама не сме до толку глупи да наседнеме на вашите местенки.
Се гледаме секоја вечер - се побројни и се посплотени! До конечниот крај на оваа корумпирана окупациона Влада.
Тргнавте против народот со палици, пендреци и кучиња. Ќе завршите бетер од Гоца.
Се гледаме на барикадите!
До вашиот конечен крај!
#СекојДенВоСедум
#NoPasaran“, напиша Апасиев.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива