Апасиев до Албанците: Сега е моментот да застанете рамо до рамо со нас, вашите вековни комшии
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев во објава на социјалната мрежа Фејсбук ги повика Албанците да го осудат Османи и да застанат рамо до рамо со Македонците во момент кога во Софија се распорадава македонскиот идентитет.
„Драги сограѓани АЛБАНЦИ.
Замислете ваква ситуација: Република Албанија да има министер за надворешни работи етнички Македонец и тој, во име на сите Албанци, да преговара со Република Турција за тоа дали Скендер Бег е Албанец или Турчин!? Дали ќе се осеќате пријатно? Дали тоа нема да ве фрустрира?
Е токму тоа нас ни го прави Бујар ОСМАНИ! Во име на Македонците преговара со Бугарија што биле Кирил, Методиј, Климент, Наум, Самоил, Гоце... Со кое право? Со чие полномошно?
Затоа, драги сограѓани Албанци. Сега, во овие драматични моменти, кога дрско и тајно се распродава нашиот идентитет во Софија, сега е моментот да го осудите Османи и да застанете рамо до рамо со нас, вашите вековни комшии!
Смрт на фашизмот, слобода на народот!
#БујареОтстапиЗаДобротоНаСите“, напиша Апасиев на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста