-->
-->
АО: Елиминирани Осака и Серена Вилијамс
-->
Тинејџерката од Австралија, Кори Коко Гоф, направи уште едно големо изненадување на Австралија опен. 15-годишната тенисерка ја елиминира од турнирот бранителката на титулата, Наоми Осака.
Гоф го освои првиот сет кога ја реализира единствената брејк топка во овој дел од мечот. При резултат 4:3 Гоф ја брејкна противничката, а потоа со сигурни сервиси го освои првиот сет со 6:3.
Вториот сет почна со брејк на Американката, Јапонката возврати со иста мерка во вториот гем. Клучниот брејк Гоф го направи во седмиот гем, а потоа го освои сетот со 6:4.
„Боже мој! Ова е лудо! Јас сум на арената ‘Род Лејвер’! Не можам да поверувам што се случува“, изјави Гоф по натпреварот.
Во наредната рунда Гоф за противничка ќе ја има подобрата од дуелот помеѓу Шуаи Џанг и Софија Кенин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ